Тимот на Траст Консалтинг е посветен кон поддршка на клиентите од областите на финансиското управување преку давање на инвестициско-консултантски услуги кои со помош на аналитичкиот пристап им овозможуваат на клиентите да одговорат на динамичното опкружување и регионалните промени и да обезбедат долгорочна одржливост, раст и развој.
Советување за задолжување
Советувањето за задолжување вклучува широк дијапазон на мерки за кредитирање наменети за средни компании, на пр. кредит, договорно кофинансирање со можност за превземање, тивки партнерства и т.н.
Најчести клиенти се:
- Средни компании кои имаат потреба од капитал за основање и развој
- Странски компании кои имаат потреба од капитал за основање или финансирање на проекти во регионот на ЈИЕ
- Приватни инвеститори или менаџерски тимови кои имаат потреба од основачки капитал
- Финансиски инвеститори заинтересирани за организацијата на основачкиот капитал
- Компании во процес на надоградба кои имаат потреба од капитал за рефинансирање на постојните објекти
- Советување за приватни ангажмани како и поставеноста во групни зделки и активности
Како компанија во приватна сопственост Траст Консалтинг е целосно независна од банките и останатите финансиски субјекти и има отворен пристап до нив.
Ние нудиме:
Анализа на постоечката финансиска структура, а подоцна и развој на соодветна финансиска структура и стратегија
Подготовка на финансиска документација за полесен пристап до банките/инвестиорите како и прибирање понуди
Преговори во однос на услови, времетрање и должничко финансирање
Голема мрежа на банки и друг тип на финансиски институции на Балканот.